Саботажа во струшката болница, исечени цевки за довод на гасови во операциона сала

Лекар во струшката болница вчера пријавил дека се исечени бакарните цевки за довод на гасови во операциона сала во болницата, соопшти полицијата.

„На 18.03.2022 во 10,05 часот во СВР Охрид, Д.Д.(61) од Струга, вработен како анестезиолог во ЈЗУ„Специјализирана болница за нефрологија“-Струга, пријавил дека на 17.03.2022 во временски период од 17,00 часот до моментот на пријавување, непознат сторител со употреба на предмет насилно дејствувал на цевките на централниот довод за гасови на машинската куќа до салата за операција во болницата, така што прво била оштетена надворешната обвивка, потоа во внатрешноста од цевката насилно биле исечени бакарните цевки кои спроведувале медицински гас до операционата сала во зградата“, велат од МВР.

Струшката полиција извршила увид и презема мерки за расчистување на случајот.

Total
0
Shares
Поврзани објави