САД забрануваат увоз на руски гас и нафта, се очекува обраќање на Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден денеска би требало да го забрани увозот на руска нафта, природен гас и јаглен во САД, според три извори запознати со оваа одлука.

Се очекува САД да го направат ова еднострано, без своите европски партнери, поради несогласување меѓу европските нации околу тоа дали треба да се забранат руски енергенти, пишува Си-ен-ен.

Дека Бајден ќе го забрани увозот на руските енергенти објавија и Блумберг и АП.

Обраќањето на американскиот претседател се очекува да се случи денес попладне.

Total
0
Shares
Поврзани објави