Северна Кореја со над 1 милион заразени со корона , се активира војската

Фото: Martin Sanchez на Unsplash

Минатата недела Северна Кореја за првпат призна присуство на „експлозивна“ епидемија, откако две години тврдеше дека нема заразени лица во земјата. Експертите предупредуваат дека тоа би можело да предизвика бројни проблеми во земјата, ограничена со лекови и без програма за вакцинација.

„Лековите кои ги набави државата не стигаа до луѓето на правилен и точен начин“, изјави Ким на итниот состанок одржан во неделата, пред да ги посети аптеките во главниот град, објави државната новинска агенција КЦНА.

Лидерот нареди итно распоредување на „моќните воени сили“ за да се „стабилизира снабдувањето со лекови во Пјонгјанг“, стои во соопштението.

Иако властите наредија расподелба на националните резерви на лекови, аптеките не биле добро опремени за непречено вршење на своите функции.

Ким го критикуваше „неодговорниот “ однос кон работата, организацијата и изведувањето од страна на Владата и јавното здравство.

„Јужна Кореја нема да штеди напори за да им помогне на луѓето во Северна Кореја во борбата против епидемијата“, изјави претседателот Јун Сеук Јеол во парламентот.

Новоизбраниот претседател на Јужна Кореја изјави дека земјата е подготвена да им овозможи вакцини против COVID-19 и друга медицинска поддршка, ако Северна Кореја се согласи на тоа.

Бројот на заразени во Северна Кореја до недела изнесуваше 1.213.550 со 50 смртни случаи.

Total
0
Shares
Поврзани објави