Северно Косово: Отстранување на уличните блокади, запалени камиони

Претседателот Александар Вучиќ синоќа по разговорите со Србите од Косово најави дека денеска во утринските часови ќе започне отстранувањето на барикадите на северот на Косово.

Синоќа изгореле кабините на два камиона кои го блокираат влезот во Северна Митровица од правец на Дудин Крш. Камионите биле поставени на барикада на патот што води од Јужна Митровица до Техничкото училиште. Засега нема официјални информации за причината за пожарот.

Во време на продлабочување на кризата меѓу Србија и Косово на повидок е решение за 19 дневната блокада на патиштата. како што јавуваат српските медиуми Србите утринава веќе ќе започнаа со отстранување на барикадите, како што доцна синоќа беше најавено од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со Србите од северно Косово во Рашка. „Тоа е долг процес и ќе потрае некое време,“ рече Вучиќ. Прва според медиумите во Белград, била отстранета барикадата кај местото Мердаре а во тек е и отстранувањето на останатите блокади на патиштата. 

Причина за најновите тензии беше апсење на српски полицаец, кој наводно за време на претходните демонстрации нападнал полицајци од Косово. Српските демонстранти бараа негово ослободување и поставија блокади на улиците за време на протестите кои беа делумно насилни. Судот во Приштина сега одреди полицаецот да биде ослободен од затвор и да биде ставен во домашен притвор. 

Тензиите во регионот неделава се заострија откако Србија во понеделникот ја стави армијата во состојба на зголемена борбена готовност, а Косово во средата го затвори најголемиот граничен премин. НАТО, САД и ЕУ изразија загриженост од развојот на настаните и повикаа на воздржаност и решение преку дијалог.

Total
0
Shares
Поврзани објави