Седницата за жалбата на Русковска ,обвинителите ќе ја одржат без јавност

Денеска во советот на јавни обвинители се разгледува жалбата на суспендираната обвинителка Вилма Русковска.

Членовите на советот се во салата за седници каде ќе се разгледа жалбата на Русковска. Не е присутен државниот обвинител Љубомир Јовевски кој ја изрече суспензијата на Русковска за да не влијае на постапката.

Веднаш по отварањето на седницата, советот ги отстрани медиумите од салата по барање на обвинителството затоа што ќе се разгледуваат информации од предистражна постапка.

Суспензијата на Русковска дојде по судирот со директорот на финансиската полиција Арафат Муареми и претресот во финансиската полиција. Муареми се повлече, а вчера беше назначен нов в.д. директор, Горан Иванов, додека владата го разреши и државниот правобранител Фехми Стафа кој си поднесе оставка од лични причини.

Total
0
Shares
Поврзани објави