Седум и пол години затвор за 22-годишниот возач за сообраќајката во која загина Јелена Филиповиќ

Основниот кривичен суд во Скопје денеска пресуди казна затвор до 7 години и 6 месеци за 22-годишниот кумановец Никола Стефановски, возачот кој беше обвинет за тешки дела против безбедноста во сообраќајот со смртни последици, за сообраќајна несреќа во која загина малолетната кумановка Јелена Филиповиќ.

Изрекувањето на пресудата следува откако обвинетиот на претходното рочиште ја призна вината, но не изрази каење за делото.

На 19.11.2021 година беше закажано рочиште по предметот за Јелена Филиповиќ на кое беше јавно објавена пресудата со која судот обвинетиот го огласи за виновен и му определи казна ефективен затвор во траење од 7 години и 6 месеци. Воедно судот му изрече и забрана за управување со моторно возило во траење од 5 години. По предлог на јавниот обвинител, судот донесе решение за замена на мерката куќен притвор со затворски притвор, информираше Коалицијата „Сите за правично судење“.

Сообраќајката во која загина Јелена се случи минатата година, ноќта кога се прославуваше Стара нова година, на територија на скопски Илинден. Возачот Никола тогаш имал 20 години и бил во алкохолизирана состојба, додека загинатата Јелена била само неколку дена пред полнолетство. Во автомобилот со нив била и Тамара Петковска која била тешко повредена и исто така е оштетена на судскиот процес.

Родителите на Филиповиќ сметаа дека се работи за убиство, а таткото на загинатата е во притвор поради истрага за наводно планирање и нарачување на платено убиство на сега веќе осудениот возач.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Обвинение за Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и…