Серена Вилијамс, го заврши настапот на УС Опен, а со тоа заврши и нејзината импресивна тениска кариера

По поразот од австралиската тенисерка, Ајла Томљановиќ, Серена Вилијамс, го заврши настапот на УС Опен, а со тоа заврши и нејзината импресивна тениска кариера. 

Серена Вилијамс најави дека по настапот на УС Опен ќе му каже збогум на тенисот, тоа се случи синоќа откако легендарната тенисерка беше поразена од Томљановиќ.

Серена Вилијамс првиот сет го загуби со 7-5, во вториот триумфираше по тајбрејк 7-6 (7-4), а австралиската тенисерка со убедливи 6-1 го доби третиот рашавачки сет.

По мечот Серена Вилијамс со солзи, со многу емоции се збогуваше со тенисот.

Таа ќе биде запаметена како најдобрата тенисерка на сите времиња, а можеби и најдобрата спортистка.

Total
0
Shares
Поврзани објави