Се каам! Возев со 45 километри на час

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка Викторија Николова, а удри и во нејзиното момче. Тој со полициска придружба и лисици на рацете беше спроведен во затворот „Скопје“ во Шутка. Неговиот адвокат Јанковиќ во изјава за „Maкфакс“ најави жалба на одлуката и тврди дека Јордан не може да го повтори делото доколку му се одземе возачката, а не може ниту да влијае бидејќи примероците за вештачења се земени, заедно со возилото.

Според неговиот бранител тој по ударот не излегол од автомобилот од голем стрес и шок. Рацете и нозете му биле здрвени. Во болница бил неконтактибилен со лекарите.

“Признавам вина и се каам. Возев со 45 километри на час” , само толку можел да каже во истрага.

„Ние преговаравме, како ќе го повтори делото кога судот може да му ја одзеде возачката дозвола, не може да го направи тоа со било кое возило. Да влијае на сведоци, вешти лица е тешко изводливо затоа што се земени параметрите, направен е увид, одземено е возилото за вештачење, дадени се налози, процесуиран е во Клинички центар. Ако требаше да има притвор, домашниот притвор ќе беше соодветен. На мислење сме како одбрана дека овој притвор е изнуден под притисок на јавноста, која ова го стави како некој приоритет иако треба да се сослушаат двете страни. Не е лесно за починатата, факт е, меѓутоа не е тоа знак дека уште еден друг млад живот да уништиме. Ќе се жалиме на овој притвор, ќе ги наведеме нашите основи. Искрено се надеваме дека овој притвор ќе се преиначи во домашен, што е и исто притвор, нема да се брани од слобода“, рече адвокатот Јанковиќ за „Макфакс“

Обвинителството веќе потврди дека семафорите на кои поминувала 24-годишната радовишанка која загина, во моментот не работеле.

Момчето на починатата помина со набиеници на карлицата и тешки трауми. Тој е на домашно лекување.

Обвинителството ги побара и снимките од надзорните камери, кои се околу пет на раскрсницата. Тие ќе помогнат да се утврди, што точно се случило завчера по 19 часот. Телото на Викторија е дадено на обдукција, по што ќе биде предадено на семејството. Кај возачот кој ја усмрти, направено е вештачење на примероци од урина и крв, од кои неофицијално, утврдено е дека нема траги на алкохол или дроги.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Јанкулоска: На 27-ми април со Миле јадевме и разговаравме за теми од наш интерес – во партијата ништо не се случуваше невообичаено

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска сведочеше за упадот во Собранието на 27-ми април. Јанкуловска потенцираше дека…