Се оперираше папата Франциск

Успешно е завршена операцијата врз папата Франциск и тој се чувствува добро, соопшти Ватикан. Папата беше примен в болница вчера попладне поради закажана операција на дебелото црево.

Операцијата била извршена од страна на медицински тим од 10 лица, а портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, изјави дека 84-годишниот папа страдал од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево. Од Ватикан не соопштуваат повеќе детали за операцијата и колку долго папата ќе биде задржан во болница.

Операцијата била извршена во римската болница „Гемели“, место каде што најчесто се лекуваат папите и дел од десеттиот кат од болницата е резервиран токму за нив.

Ова е прва хоспитализација на папата по неговиот избор во 2013 година, пишува „Ројтерс“.

Total
0
Shares
Поврзани објави