Се укинуваат сите мерки против Ковид – 19 , маска само во аптека , јавен превоз и некои институции

Од денес се укинуваат сите преостанати мерки против Ковид-19, а на сила останува само мерката за задолжително носење на заштитни маски во здравствени домови, аптеки, јавен превоз и центри за нега на стари и со посебни потреби.

Одлуката за укинување на ковид мерките беше донесена на денешната владина седница.

Заменик премиерот Артан Груби информираше за одлуката, истакнувајќи дека таа е донесена по констатацијата на Комисијата за заразни болести дека епидемиолошката состојба во земјава е стабилна.

Според денешата статистика од Министерството на здравство, во земјава моментално има 572 активни случаи од Ковид-19. Во последните 24 часа е регистиран 21 нов случај.

Total
0
Shares
Поврзани објави