Се чека оставка на Бојко Борисов

Еден по еден лидерите на партиите во Бугарија поднесуваат оставки по парламентарните избори.

Следуваше и лидерката на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова.

Како што најави, нејзината партија доби слаба поддршка на 14 ноември (го освои само четвртото место со околу девет отсто од гласовите) поради истовременото одржување на парламентарните и претседателските избори и стравот на граѓаните да излезат на гласање поради ковид 19.

Оставка поднесе и лидерот на коалицијата Демократска Бугарија Христо Иванов. Таа беше шеста на изборите со само 6,34 отсто освоени гласови.

Оставка најави и раководството на ВМРО БНД, поранешниот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој имаше мизерен изборен резултат од еден отсто на доверба кај бугарскиот електорат.

Се уште се чека одлуката на Бојко Борисов кој упорно останува на чело на ГЕРБ и покрај вторите по ред изгубени избори, а нивниот кандидат за претседател на државата е во убедливо заостанување зад Румен Радев по првиот круг на претседателските избори.

Чудно сите лидери кои си поднесоа оставки во еден или во друг временски период беа блиски на актуелниот преседател на државата, Румен Радев.

Total
0
Shares
Поврзани објави