Силен земјотрес ја погоди Хрватска

Според првите информации од ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 5,2 степени.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри на островот Крк во 9 часот и 47 минути.

Тресењето на земјата се почувствувало низ целата земја, вклучително и во Загреб, каде се нишаа зградите. Иако според ЕМСЦ земјотресот бил 5,2 хрватските сеизмолози наведуваат дека земјотресот бил со јачина од 4,8 степени.

Да потсетиме, во декември 2020 година, разорен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја уништи Петриња.

Total
0
Shares
Поврзани објави