Синдикатот на УКИМ на преговори со претседателот на Парламентот Џафери

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје утрово почна состанок помеѓу одборот за преговори, предводен од претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претставници на Сојузот на синдикати на УКИМ, предводени од неговиот претседател, проф. д-р Ангел Ристов.

Средбата се одржува врз основа на барањето на Синдикатот на Скопскиот универзитет за мирно решавање на колективен спор со посредство на помирувачот, адвокатката Мимоза Салтирова, согласно Законот за мирно решавање на работните спорови.

Кога има атмосфера за работа и луѓе кои знаат да го детектираат проблемот и имаат отворени видици за решавање на истиот, тогаш има и успех.

Прв пат имав можност да соработувам со претседателот на Собранието на РСМ г-дин Талат Џафери, и сум со најпозитивни впечатоци од денешниот прв состанок на овој историски процес на помирување.

Согласно сите списи кои се дел од предметот, очигледна е големата посветеност и енергијата која до сега е вложена од страна на претседателот на Синдикатот Проф. Др. Ангел Ристов.

изјави адвокатката Мимоза Салтирова

Со најпозитивни мисли се приближуваме кон потпишување на Спогодбата за зголемување на платите на вработените во УКИМ, како за наставен, така и за ненаставниот кадар.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет Ангел Ристов, очекува, со оглед на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на спорот од страна на Собранието, како основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, да се постигне договор со кој ќе се остварат нивните повеќегодишни барања за потпишување колективен договор на ниво на работодавец – УКИМ, унапредување на правата од работен однос и покачување на платите на вработените.

Total
0
Shares
Поврзани објави