Синот ги пронашол мртвите родители во Табановце – мајката избодена , таткото застрелан

Во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во село Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, се наведува во соопштението на МВР.

Според информации од мештаните телата ги пронашол нивниот син,  кој потоа ја повикал својата баба, која не живеела со нив. Како што велат мештаните на селото Табановце, сега веќе починатиот маж, пред две недели излегол од затвор и и бил познат на полицијата по претходни инциденти.

-Со цел, утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, се наведува во соопштението на обвинителството.

Total
0
Shares
Поврзани објави