Скај њуз за застрашувачката атмосфера на улиците на Москва: „Путин користи и камери со технологија за препознавање лице за да мобилизира“

Скај њуз објави статија во која ја опишува атмосферата во Москва, во која се наведува дека во главниот град на Русија е се повидлив и се поголем стравот и напнатоста кај луѓето кои стравуваат од воена мобилизација
Освен впечатливите постери и плакати кои ги слават хероите на руските „специјални воени операции“, нема ништо што кажува дека ова е главен град на земја во војна. Животот на московските улици, се вели, продолжува, но под изгледот на нормалноста се крие сè пострашна атмосфера.

На улиците има значително помалку луѓе, особено мажи на возраст способни за мобилизирање за војска и за борба. „Стотици илјади Руси ја напуштија земјата откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи делумна мобилизација.

Многумина од воено способните мажи кои останаа сега не сакаат да ги напуштат своите домови поради страв дека ќе бидат снимени од големиот број на камери во Москва кои користат технологија за препознавање лице. Мобилизацијата на Путин однесе мажи во инвалидски колички, постари луѓе, дури и мртви добија повици – никој не е безбеден, пренесува Јутарњи лист.

Семејствата во Москва стравуваат од чукање на вратата, по што таткото, синот или сопругот би можеле да бидат одведени во кампови за обука како подготовка за војна што не ја разбираат и за која немаат веродостојно објаснување. Исто така, московјаните знаат дека работите не одат добро во Украина, бидејќи зошто инаку на нивниот претседател би му требале стотици илјади дополнителни војници.

Путин им ја прикажа својата „специјална воена операција“ на граѓаните како нешто многу далечно , во која се борат само професионални војници и војници со договор. Дури и оние кои целосно ја прифатија оваа лага и кои безрезеврно му поверуваа на Путин , беа шокирани откако добија покана за мобилиззација.

Путин направи нешто што ниту еден друг руски претседател не го направил од Втората светска војна . Прогласи воена состојба на насилно анектираните територии на Украина, но одобрил и еден вид притаена „воена состојба“ во остатокот од Русија.

Тоа им даде овластувања на локалните регионални влади во Русија да го контролираат движењето, собирите, комуникациите, сообраќајот, дури ја добија и моќта да ги преселуваат своите жители по потреба. Со ова се открија и плановите на Кремљ кои практично го обелоденија стапувањето на сила на законите дизајнирани само за воведена воена состојба .

Според Скај њуз, Русите се уморни од прашањата на странците кои се чудат зошто народот го трпи Путин – протестите против мобилизацијата се брутално прекинати, полицијата сега рутински ги запира луѓето на улиците за да провери дали во нивните телефони има некаква бунтовна содржина. Русија увезува технологија за надзор од Кина која во не толку далечна иднина би можела да направи, сите несогласувања од минатото да пекинар , а започнувањето на било каква револуција или промената на актуелниот владеачки режим , да биде невозможна.

Московјаните се свесни дека ситуацијата може само да се влошува , како што е и гушењето на владата врз општеството и економското влијание на оваа војна. Русите се справија со санкциите подобро отколку што се надеваа западните креатори на политиката, но сега чувствуваат жесток притисок – цените растат, а има недостиг на многу стоки. Се наѕира и враќањето на големата инфлација од не така далечното минато

Total
0
Shares
Поврзани објави