СОНК бара владата и ЗЕЛС да најдат решение за енергетската криза во училиштата

Последни со барање Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) да најдат решение за енергетската криза во училиштата излегоа од Синдикатот за образование и наука. Оттаму сметаат дека на учениците местото им е во училница, бидејќи он-лајн наставата дава полоши резултати.

Од Владата за Канал 5 велат дека се во постојана комуникација со сите засегнати страни.

-Затоплувањето на училиштата е во надлежност на локалните самоуправи кои се должни да си ги обезбедат потребните суровини за огрев за што Министерството за образование и наука им префрла блок дотации. Случајот со енергетската криза е голем предизвик за нашата земја затоа образовните институции треба да бидат последни кои ќе се затворат.- Влада.

Од МОН пак појаснуваат оти остануваат на ставот дека училиштата треба да бидат постојано отворени, а наставата да биде со физичко присуство, според планот на програмата. Но, не ја исклучуваат можноста за измени.

-МОН ќе ја следи состојбата и во меѓувреме ќе се разгледуваат сите пристигнати иницијативи и за било какви нови одлуки, јавноста навремено ќе биде известена. Во овој момент и за општините и за училиштата под нивна надлежност, важат препораките и мерките за штедење на електрична енергија.-МОН.

Во меѓувреме, со став се јавија и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ од каде што посочуваат дека заради високите цени на затоплување дел од семејставата нема да можат да си дозволат целодневно греење. Дополнотелно поради инфлација, некои нема да можат да купат таблети и лаптопи за своите ученици. Оттаму сметаат дека Владата треба ги зголеми блок дотациите на општините и од индустриска струја училиштата да бидат префрлени на тарифата која ја плаќаат домаќинствата.

Инаку, со барање за он лајн настава излегоа само градоначалниците од Полошкиот регион кои побараа од МОН да има поголем зимски распуст или неколку месеци настава од далечина за учениците со цел училиштата да немаат високи трошоци за затоплување.

Total
0
Shares
Поврзани објави