Сообраќајна незгода на автопатот Белград – Ниш, девет лица повредени

Девет лица, од кои четири деца (на возраст од 4, 14 и 15 години) се повредени во тешка сообраќајна незгода која се случила утринава околу 5 часот на автопатот Белград – Ниш.

Возрасните лица се со тешки телесни повреди и моментално стабилни витални параметри, додека еден маж е интубиран и има повреди опасни по живот, велат од УКЦ Ниш.

Несреќата се случила на околу десетина километри од Ниш, кога патнички автомобил од марката БМВ со швајцарска регистрација, управуван од 21-годишник, се судрил со комбе управувано од турски државјанин.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Повлечените МРП вакцини биле квалитетни, никој нема да одговара за погрешните податоци на налепниците

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по…