Сопругата на Зеленски во интервју за Би-Би-Си: Додека Британците бројат пени, ние броиме мртви

Војната има големо влијание врз економиите на сојузниците на Украина, но „додека Британците бројат пени, ние броиме мртви“, изјавила Олена Зеленска, сопругатa на претседателот на таа земја, во интервју за Би-Би-Си.

Кажала дека кризата ќе биде пократка доколку Украина добие посилна поддршка.

Во интервјуто снимено во Киев, таа изјавила дека е важно постојано да се нагласува цената на војната, која се плаќа со човечки жртви.

Зеленска рекла дека иако ретко се гледа со својот сопруг, тие разговараат секој ден.

Првата дама на Украина, која е во брак со Володимир Зеленски од 2003 година, разговарала со Лаура Кунсберг во Претседателската палата во Киев.

Во опширното интервју што ќе се емитува на 4 септември, Зеленска зборувала за тоа каква порака би испратила до населението на Велика Британија, кое е соочено со зголемување на цените на нафтата и гасот, како и со сметките за струја, кои делумно се резултат на руската инвазија на Украина.

„Разбирам дека ситуацијата е многу тешка. Но, дозволете ми да ве потсетам дека за време на пандемијата на коронавирусот, која сè уште трае, настрада и населението на Украина поради зголемените цени.

„Цените растат и во Украина, а освен тоа овде умираат луѓе.

„Значи, кога ќе почнете да ги броите парите на вашата банкарска сметка или во вашиот џеб, знајте дека во исто време ги броиме и жртвите“, рекла таа.

Пред неколку дена, за време на неговата посета на Киев, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека домаќинствата ширум Европа ќе мора да се соочат со пораст на трошоците за живот и во исто време да продолжат да ја поддржуваат Украина во борбата против руската агресија, пренесува медиумот.

Според анализите, годинава највисока стапка на инфлација во последните 42 години е забележана во Британија.

Банката на Англија соопшти дека главната причина за високата инфлација и нискиот раст е зголемувањето на сметките за струја и гас, што е предизвикано од руската инвазија на Украина.

Првата дама, изјавила дека била „навредувана“ од луѓето кои рекле дека се изненадени од трансформацијата на нејзиниот сопруг од ТВ актер во воен лидер.

„Таков е откако го познавам и знаев што ќе прави“, кажала Зеленска.

Total
0
Shares
Поврзани објави