Сопственикот на “Доказ” осуден на три години и еден месец затвор

Сопственикот на порталот, Доказ, Марјан Стаменковски е осуден на затворска казна од три години и еден месец.

Изречена му е и забрана за вршење на професија и регистрација на портал и домејн во рок од 10 години, ако сака да отвори портал во свое име во Македонија. Исто така порталите коишто му се регистрирани во Македонија се затвораат.

Кривичниот суд го осуди за четири дела на по една година, за уцена, пиратерија на аудивизуелно дело, злоупотреба на лични податоци, ширење расистички и ксенофобичен материјал или на единствена казна од три години и еден месец.

Судскиот процес се одвиваше зад затворени врати за да се заштити приватноста на оштетените.

Total
0
Shares
Поврзани објави