Со две дози „Синофарм“ поминав пет тешки дена, ме спаси медот на Атиџе, молитвите.., како пејачката Ребека го прележа Ковид -19

Пејачката Ребека  вакцинирана со две дози „Синофарм“ го прележа ковид-19. Таа во подолга објава на социјалните мрежи објасни се’ до детал за маката низ која поминала и дека сега после се’ се чувствува добро.

-По 15 дена чувствувам само замор. По направени анализи, се’ е како што треба. Малите го донесоа, претпоставуваме од училиште. А можеби и не. Никој не може точно да знае. Иако никогаш не бевме претходните денови.  Тие така речи без симптоми. Еден ден со температура и толку. Го мислев големиот батко, Маркијан. Тој немаше симптоми. Невозможно беше да го тестираме. Да пикнеш стапче во нос на дете со аутистичен спектар е невозможна мисија. Вакцинирана сум со две дози „Синофарм“, но од втората поминаа 13 дена и јас се заразив. Си одлежав седум дена, а пет беа тешки. Антибиотик не земав иако спомнаа двајца доктори. Мојов не. Ми даде „Фавира“ од првиот ден, а јас скришно си земав и „Ивермектин“. Од кашлање не можев да спијам, а со две мали деца дома и не мирував многу како што ми препорачаа. Маркијан со татко му беше во гарсоњерата на баба. Тато Мики е вакциниран  со „Спутник“, но без симптоми, негативен. „Спутник“ испадна одлична вакцина, кажа Ребека и додаде:

– Една баба болна со две вакцини „Фајзер“ од мај, на три антибиотика и една тетка од 87 години без вакцина со мали симптоми ден до два. Збунувачки,нели?!  Јас пиев по 3 до 4 литри течности: вода (со лимон,ѓумбир и мед),сок од бозел (домашен),чај (кантарион, мајчина душичка, маточина и ловоров лист), супи од кокошка од мојата мамичка и манџички, кисело млеко, каши т.н.смутија со шумска боровница, капини, јагоди замрзнати, јаболки,банани, хлорела, мед, мејпл сируп и овесни снегулки. Многу мед и прополис од Атиџе и боров сируп од Берово, витамини и аспирини. Не јадев месо и леб. Правев вежби со дишење, палев темјан и се смирував со молитви. Не бев во состојба да готвам и неизмерно и’ благодарам на мајка ми за сите пити, колачи, уштипци, манџи и други изненадувања за моите мускетари, објасни пејачката.

„Му благодарам на Господ Исус Христис, му благодарам на мојот Мики за целото трпение да одговори на сите мои прашања и и благодарам на баба Вера која првите четири дена го чуваше Маркијан“, додаде таа.

Total
0
Shares
Поврзани објави