Спасена 17-годишна девојка во Турција, по 248 часа под урнатините

Алејна Олмез (17) е спасена од урнатините во Турција, 248 часа по земјотресот што ги погоди јужна Турција и Сирија, јавува агенцијата Анадолија. Таа e извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас. Екипите додека ги пребаруваа урнатините слушнале глас. После тоа, 17-годишната Алејна била спасена и пренесена во болница.

Спасувачките екипи веќе 11 дена работат на пребарување и спасување на луѓето под урнатините. Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Турција на 6 февруари.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Кахраманмарас, погодија 11 провинции, уништени илјадници згради и погодени повеќе од 13 милиони луѓе.

Во моментов на терен работат повеќе од 253.000 членови на тимови за пребарување и спасување.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Силен земјотрес во Хрватска

Хрватските медиуми пишуваат дека околу 12.30 часот бил почуствуван земјотрес од 3,8 степени според Рихтеровата скала на 16…