Спортските канали во земјава да се емитуваат на македонски и албански, порача Владата

Странските спортски тв-канали кој се реемитуваат во Македонија до почетокот на 2022 година ќе треба да одат со коментар на македонски и албански јазик, оваа одлука ја донесе вчера Владата.

„Арена Спорт“ и „Спортклуб“ се телевизиите каде што се прикажуваат најголемите спортски настани и тие се со коментар на српски и хрватски јазик. Исклучок е кога македонската фудбалска репрезентација игра на домашен терен тогаш на „Спортклуб“ оди со македонски коментар.

Препораката од владата е до сите што емитуваат спортски содржини најдоцна до 31. декември да започнат да ги имплемнтираат измените.

Total
0
Shares
Поврзани објави