Стартуваше социјалната мрежа на Доналд Трамп: Секој може да објави што сака

Социјалната мрежа на Доналд Трамп Truth Social, достапна на онлајн продавницата на Епл од понеделникот, е новиот медиумски канал на екс републикански претседател на САД откако минатата година му беше забранет пристапот до други онлајн платформи.

Апликацијата стана достапна за преземање кратко по полноќ по американско време и автоматски се инсталираше на уредите на Епл на претходно регистрираните корисници. Интерфејсот на апликацијата, која се појавува на мобилните уреди под името MAGA Hub, е копија на Истаграм, па на неа може да се споделуваат приказни и класични објави.

На новите корисници кога се регистрираат на апликацијата наречена MAGA Hub, која е кратенка од слоганот на Трамп „Направи ја Америка повторно голема“, им се појавуваат објави против носењето маски како заштита од коронавирус, објави каде актуелниот претседател на САД Џо Бајден се нарекува „комунистички педофил“ или оние кои го слават бразилскиот лидер Жаир Болсонаро.

„Сакаа да не закопаат, но не знаеја дека сме семе“, напиша една корисничка на новата социјална мрежа, на која има и неполитички објави, како на пример слики од кучиња. На оваа мрежа засега не може да се пронајде официјалниот профил на самиот поранешен претседател.

На Трамп уште како претседател на САД во неколку наврати му беше забранет пристапот на Твитер, Фејсбук и Јутјуб откако неговите поддржувачи упаднаа во Капитол на 6 јануари 2021 година и беше обвинет дека ги поттикнал на тоа.

Компанијата која управува со апликацијата ја води поранешниот републикански пратеник Девин Нунес, а станува збор за компанија која се позиционира како последен поборник за слободата на говорот и сака да привлече корисници кои мислат дека нивниот глас е блокиран на постоечките социјални мрежи.

Компанијата планира да излезе на берзата во Њујорк и веќе собра повеќе од 1 милијарда долари од приватни инвеститори.

Total
0
Shares
Поврзани објави