Стигнаа резултатите од Невада: Голема победа на Бајден, Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот

Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот, откако стигнаа до неопходните 50 сенаторски места. Актуелната сенаторка на Невада, Кетрин Кортез Масто ќе остане на таа позиција и во следните шест години, објавија американските медиуми, означувајќи ја како победа над противкандидатот Адам Лаксалт.

И покрај предноста на Републиканците, пресудно беше броењето на гласовите преку пошта, кои ги фаворизирале демократите.

Ваков резултат од Невада им овозможи на Демократите да дојдат до 50 места, додека Републиканците во моментов имаат 49 места. Дури и Републиканците да дојдат до победа во Џорџија, каде на 6. декември ќе има втор круг на избори, Демократите ќе ја имаат предноста затоа што во случајот кога е израмнето, пресудниот глас го има потпретседателот на САД Камала Херис, која е членка на Демократската партија.

Лудерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер рече дека резултатите покажуваат дека американците ја отфрлија „насилната реторика“ на Републиканците.

Total
0
Shares
Поврзани објави