Судот во Лондон испрати наредба за екстрадиција на Асанж

Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж наскоро би можел да биде екстрадиран во САД каде ќе му се суди за шпионажа. Судот во Лондон испратил наредба неговата екстрадиција да биде одобрена од британската влада.

На денешното рочиште судот издаде официјален налог за екстрадиција, а Асанж може да се жали на таа одлука.

Владата на САД сака на 50-годишниот Австралиец да му се суди по 18 точки поврзани со објавувањето на американското воено разузнавање и дипломатски телеграми од страна на „Викиликс“, тврдејќи дека тоа ги загрозило животите на многумина. Оваа одлука ги исцрпува правните можности на Асанж во Обединетото Кралство да избегне судење во САД за серија обвиненија поврзани со објавување тајни документи пред повеќе од една деценија.

Неговиот случај сега ќе ѝ биде вратен на британската министерка за внатрешни работи Прити Пател.

Асанж се наоѓа во лондонскиот затвор Белмарш од 2019 година, кога беше уапсен поради кршење на условното ослободување во посебен правен случај. Пред тоа, тој помина седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Total
0
Shares
Поврзани објави