Судски совет ќе го проверува решението за прекин на казна на Боки 13

Судскиот совет денеска испратил известување до адвокатот на Бојан Јовановски (Боки 13), Владимир Туфегџиќ во кое меѓу другото пишува дека советот ја примил претставката на Јовановски по што истата веднаш е земена во работа и се постапува по нејзините наводи.

„Ја поздравуваме ажурноста и итноста при постапувањето од страна на Судскиот совет и за секое дополнително правно прашање во врска со оваа правна ситуација бранителот Владимир Туфегџиќ стои на располагање”, посочуваат од правниот тим на Јовановски.

Ваквата одлука доаѓа откако Јовановски минатата недела испрати претставка до советот со која изразува основано сомневање дека решението за прекин за издржување на казната затвор е „ фалсификувано и антидатирано со злоупотреба на акмис системот и злоупотреба на смртта на судијата Огнен Ставрев“. 

Претходно, адвокатите на Боки 13 тврдеа дека ако Јовановски не биде пуштен да се лекува дома, во затвор може да умрe. 

Total
0
Shares
Поврзани објави