Терминот фашистичка не, Бугарија не е фашистичка земја – ставови на преговарачите – Бујар Османи за заедничко чествување на Гоце и Кирил и Методиј ?

Терминот заедничка историја, од бугарска страна се следи како концепција на бугарска нација формирана во средниот век, чиј континуитет продолжува 1000 години, во однос на Македонија, се до 1944 година како континуитет на една бугарска нација, на една нација и на просторот на Македонија. За ова не се согласуваат членовите од македонска страна на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања. Копретседавачот на комисијата Драги Ѓоргиев вели дека според ставот на најголемиот дел од членовите од бугарска страна е дека македонскиот народ настанал по 1944-та година по инжинеринг на комунистичка партија на Македонија, на Тито и на Југославија. Македонската страна побарала конкретно дефинирање на терминот заедничка историја, но од бугарска страна било одбиено, вели Ѓоргиев.

Второто прашање кое предизвикува големи полемики е терминот бугарски фашистички окупатор. Тука Ѓоргиев вели дека ова е погрешен термин.

„Според мене, оној термин кој овде може да се користи, за кој треба да се дебатира, ние тоа не можеме да го наметнеме со наша одлука се разбира, е да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија, доколку победеле силите на Оската, меѓутоа не и терминот фашистичка Бугарија, фашистичка окупација. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не, Бугарија не е фашистичка земја според мене“, вели Драги Ѓоргиев.

Освен заедничката историја, терминот бугарски фашистичко окупатор, проблем е Гоце Делчев. А, токму ликот и делото на Гоце Делчев беше тема на трибината организирана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ која постојано го критикува начинот на кој се преговара со Бугарија. Поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев вели дека Гоце Делчев е најнесреќниот избор од бугарска страна во преговорите.

„Тој не е само македонски револуционер, тој е и европски човек. Токму затоа изборот на Делчев како камен на сопнување помеѓу двете држави и неговата политичка интепретација, е навистина, не само непријатно, туку и недозволиво и од историски, но и од научно-филозовски аспект“, посочи Марјан Ѓорчев.

За министерот Бујар Османи, заедничкото чествување на историски личности и настани,  е само доказ за надминување на разликите и е плод на разговорите на комисијата за историски прашања. Пред услови за заедничко славење и одбележување има за пет историски личности, меѓу кои се и светите Кирил и Методиј. Гоце Делчев се уште е во процес на преговори и не е предмет на заедничкото одбележување.

Од друга страна, пак, премиерот Ковачевски вели дека иако на Македонија и се брза, поради започнување на преговори со ЕУ, со Бугарија треба да се изнајде брзо, но не избрзано решение.

Total
0
Shares
Поврзани објави