Тетовчанец три години трага по својата ќерка: Сакам само да знам дали е жива

Веќе три години Тефик Абдили од село Боговиње ја бара својата ќерка. Таа излегла од дома на 7 јануари 2020 година кога имала 19 години, земајќи го со себе само пасошот. Еден ден по излегувањето од дома, според зборовите на нејзиниот татко, таа го исклучила телефонот и од тој ден нема никаква трага. Случајот го пријавил и во полиција, но нема резултати.

„Случајот го пријавив и во полиција, но немам повратни информации дали е жива или мртва. Затоа дојдов јавно да го пријавам случајот, ако некој знае нешто, да не извести. Цело време бараме, но нема резултат, во полиција  не ми дадоа никакви информации. Како родител не сакам со сила да ја вратам дома, само сакам да знам дали е жива или што се случува таму каде што е“, рече Тефик Абдили, таткото на девојчето.

Абдили апелира до неговата ќерка барем да се јави само за да дознае дали е жива.

„Само да каже дали е жива и каде е. Ако не се врати, тоа е нејзин проблем, бидејќи е возрасна, но како родители само сакаме да знаеме дали е жива или не“, додаде тој.

Од тетовската полиција информираат дека во овој случај се преземени сите мерки за нејзино пронаоѓање. Истрагата трае веќе три години.

„СВР- Тетово веднаш изготви повик за локална и централна потрага по исчезнатото лице и известени се сите служби на терен како и сите гранични точки. Во врска со пријавената, полициските службеници од СВР-Тетово извршиле службен разговор со лица кои претходно имале контакт со пријавената, за да добијат информации кои би помогнале во пронаоѓањето. Продолжуваат мерките и активностите за пронаоѓање и целосно расчистување на случајот“, велат од СВР- Тетово.

Фотографија на девојката не е меѓу исчезнати лица кои се објавени и по кои се трага  на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

извор: alsat.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави