Течење нос, кивање, замор – симптоми на новиот омикрон

Најчести симптоми на новата варијанта на коронавирус, омикрон, се течење на носот, главоболка, кивање, замор и болка во грлото, тврдат британски научници и предупредуваат дека луѓето треба да обрнат повеќе внимание на овие симптоми за да не се припишуваат само на настинка туку и на можна зараза со омикрон сојот.

Научниците посочуваат дека симптомите на омикрон се многу поблиску до оние на настинка од претходните варијанти на коронавирус и посочуваат дека е можно симптомите да се смениле поради поголемо ширење на инфекцијата меѓу населението или поради својствата на оваа мутација, пренесува Глас Истре.

Исто така, се нагласува дека омикронот се размножува десет пати побавно во белите дробови во однос на претходните варијанти, односно дека почесто останува во горниот дел на респираторниот систем, односно во бронхиите.

Анализата на случаите на коронавирус во Лондон, каде се забележани најголем број случаи на омикрон во земјата, покажува дека најчестите знаци на инфекција биле течење на носот, главоболка, замор, кивање и болки во грлото, кои не се класични симптоми на Ковид-19, кој обично доаѓа со висока температура.губење на вкус и мирис и силна кашлица.

– Се надеваме дека луѓето ќе ги препознаат знаците на омикрон. Тие луѓе дефинитивно треба да останат дома и да не се дружат со други за да не ја шират болеста, рече епидемиологот Тим ​​Спектор, шеф на најголемата британска студија за следење на симптомите на Ковид-19.

Тој препорачува претпазливост бидејќи не може со голема сигурност да се потврдат информациите дека омикронот сепак предизвикува поблаг облик на болеста, бидејќи изворно е послаб мутант или е помалку опасен кај популација со поголем имунитет.

Можно е двете причини да се комбинирале и така влијаеле на намалување на опасностите, велат научниците.

Сепак, останува фактот дека омикронот се размножува 70 пати побрзо од делтата, во горниот респираторен тракт, па веројатно тоа е причината за неговото брзо ширење кај населението.

Поголемото вирусно оптоварување поблиску до грлото значи дека луѓето веројатно ќе издишат и повеќе вирусни честички.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

СЈО бара притвор за Камчев

СЈО бара притвор за петмина осомничени во најновата истрага „Империја“, и тоа за Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Зорица…
Повеќе

Aрмиски хеликоптер е им се помага на пожарникарите и месното население во гасење на пожарот меѓу селата Митрашинци и Будинарци кој е надвор од контрола

Со армиски хеликоптер кој тргна кон беровскиот регион ќе им се помага на пожарникарите и месното население во…