ТРАГЕДИЈА во Нови Сад – Две момчиња паднале од Петроварадинската тврдина, едниот загинал

Двајца 30-годишници од Параќин, според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, околу 05:00 часот паднале од бедемот на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Едниот починал, а другиот во свесна состојба е пренесен во Клиничкиот центар Војводина.
Брзата помош по повикот на полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, а лекарите се обиделе да го реанимираат тешко повредениот млад човек, но безуспешно. Другото момче кое по падот било свесна состојба е  сместен на хируршкото одделение.
Засега не се познати причините за падот од бедемот од височина од околу 25 метри.

Total
0
Shares
Поврзани објави