Трамп побара од судот на Флорида Твитер да му го врати профилот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп побара од федералниот судија во американската држава Флорида да му нареди на Твитер повторно да го активира неговиот профил, објави „Блумберг њуз“.

Во јули, Трамп ги тужеше Твитер, Фејсбук и Алфабет Гугл, како и нивните извршни директори, наведувајќи дека незаконски ги замолкнале конзервативните ставови.

Во жалбата се наведува дека социјалната мрежа го укинала неговиот профил под притисок на неговите политички ривали од Конгресот.

Неговите профили на водечките социјални мрежи беа поништени на почетокот на годината, а компаниите тврдеа дека тој ја прекршил нивната политика која забранува величење на насилството.

Стотици негови поддржувачи упаднаа во Конгресот на 6 јануари, откако Трамп тврдеше дека бил ограбен на изборите, што беше одбиено од судовите, претставници на изборната комисија и некои членови на неговата администрација.

Total
0
Shares
Поврзани објави