Трета рунда санкции: ЕУ ќе ги замрзне средствата на Путин и Лавров

ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс”.

Министрите за надворешни работи на ЕУ попладнево планираат да одобрат нов пакет санкции, заедно со низата мерки против руските банки и индустрија.

На Путин и на Лавров нема да им се забрани да патуваат, пишува ФТ, нагласувајќи ја подготвеноста на ЕУ симболично да ги задржи отворени дипломатските можности за компромис.

Официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, за британските медиуми истакна дека Унијата во следниот период би можела да погоди со санкции повеќе руски олигарси.

Total
0
Shares
Поврзани објави