Три лица загинаа, 11 се повредени во синоќешната железничка несреќа во Хрватска

чера околу 21:30 кај местото Рајиќ во Хрватска се судрија патнички и товарен воз. Според последните информации од хрватското МВР, во несреќата животот го загубиле три лица, меѓу кои машиновозачот и кондуктерот од патничкиот воз. Повредени се 11 лица, меѓу кои, неофицијално, седум биле странски државјани од Иран.

Според првичните информации, патничкиот воз не запрел на знакот за застанување и се движел со брзина од над 100км/ч кога се судрил со неисправниот товарен воз.

Командирот на противпожарната бригада во Новска, Златко Пјеш, изјави дека увидот на местото на несреќата ќе трае долго.

„Во овој момент интервенираме со две возила и пет луѓе на терен. Се уште трае увидот. Чекаме да се расчисти теренот, за потоа со дигалки да го прегледаме целото подрачје за да утврдиме дали има и други настрадани лица“,

изјави Пјеш.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ доцна синоќа го посети местото на несреќата од каде потврди дека во несреќата се повредени неколку странски државјани и кажа дека хоспитализираните лица се во добра состојба.

„До несреќата дошло кога патничкиот воз налетал на товарниот кој бил во дефект. Од она што го слушнавме, тие имале период од 15 минути да го поправат дефектот, но не сакам да шпекулирам. Не можеме волку рано да ги знаеме сите детали за несреќата“,

кажа Пленковиќ.

Главниот истражувач за железнички несреќи Томислав Антун Бибер утринава само накратко соопшти дека бројот на повредени не се покачил.

„Според некои сознанија, патничкиот воз не застанал на знакот стоп“,

кажа Бибер.

Железничкиот сообраќај на оваа делница и понатаму е во прекин и така ќе остане се додека не заврши увидот и не се расчисти теренот.

Total
0
Shares
Поврзани објави