Уапсен директорот и 5 вработени во Зоолошка по колењето на коњи

Министерството за внатрешни работи го уапси директорот на скопската Зооолошка градина Кристијан Стаменов. Од МВР е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство против директорот Стаменов и уште 5 лица вработени во градината поради колење коњи.

Како што соопштија од МВР, вчера (14.07.2022) во 18 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош, лишија од слобода 5 лица, и тоа Д. М. (25), А. М. (43), М. Х. (45), В. Г. (46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З. Р. (44), надворешен соработник.

„При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина односно во кујна за подготвување храна за животните, како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина“, велат од Министерството.

МВР вели дека лицата се приведени во полициска станица, каде дополнително бил повикан и К. С. (35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор. На лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветерина, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уапсен Мишел Платини

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини е уапсен во врска со истрагата за доделување на организацијата на Мундијалот…