Уапсен капетан на брод кој пијан го управувал и удрил во пристаниште во Сплит

Капетанот на бродот што утринава пред 3 часот удри во сплитското пристаништето а потоа и потона е приведен.

Во тек е истрагата на капетанијата на пристаништата, а капетанот на бродот бил приведен во службените простории на полицијата поради тоа што е констатирано дека бил во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривичното дело загрозување на посебни видови сообраќај.

Сплитската полиција извести дека околу 02:30 часот утринава во Сплит, на бранимирското крајбрежје, туристички брод „Морска Вила“ со 50 патници удрил во пристаништето каде имало бензинска пумпа. За среќа по ударот сите патници навреме го напуштиле бродот и нема повредени.

Нуркачки и противпожарни екипи се ангажирани на местото на несреќата долж западното крајбрежје на сплит каде потона туристички брод со цел да се заштити морето од загадување, соопшти министерството за море, транспорт и инфраструктура.

Total
0
Shares
Поврзани објави