УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина се зголеми на еден милион

Еден милион луѓе избегаа од Украина во соседните земји од почетокот на руската инвазија, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди.

„За само седум дена, бевме сведоци на егзодусот на милион луѓе од Украина во соседните земји“, напиша шефот на УНХЦР на Твитер.

Тој додаде дека за милиони луѓе внатре во Украина, „време е оружјето да се замолчи, за да може да пристигне хуманитарна помош и да се спасат животи“.

Повеќе од 139.000 Украинци побегнале во Романија во првите седум дена откако Русија ја нападна Украина по копно, море и воздух, покажаа податоците на граничната полиција во четвртокот.

Речиси 454.000 луѓе од вкупниот број бегалци отишле во Полска. Во Унгарија побегнале 116.348 бегалци, а во Словачка 67.000.

Total
0
Shares
Поврзани објави