Утре Меѓувладина конференција во Брисел

Утре во Брисел ќе се одржи првата Меѓувладина конференција со Европската Унија. Премиерот Димитар Ковачевски на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава, а веднаш потоа, според тврдењата на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе почне скрининг процесот кој ќе трае година и половина. По завршување на скринингот предвидена и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Уставот.

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Османи и Теодора Генчовска вчера во Софија го потпишаа билатералниот протокол. На тоа претходеше состанок на меѓувладината комисија.

По враќањето од Софија Османи на брифинг со новинарите го презентираше билатералниот протокол. Рече дека сите протоколот е реципрочен и оти сите обврски за историјата доаѓаат дури откако ќе се усогласат историчарите во Мешовитата историска комисија.

Вчера вечерта Министерствата за надворешни работи на двете држави во исто време го објавија документот кој шефовите на државите го потпишаа.

Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во телевизиско интервју вчера најави дека ќе бара одржување на рефендум за уставните измени. Тој на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе му предложи да почнат иницијатива за собирање на 150.000 потписи со цел одржување на референдум.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина маестро Кире Костов

Почина македонскиот композитор, инструменталист и диригент, маестро Кире Костов. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделиja неговите семејни…