Фокус: Камчев се жалел на болки во градите, ќе биде задржан на Кардиологија

Директорот на скопскиот затвор Шутка, Филип Андонов ги потврди информациите на „Фокус“ дека познатиот бизнисмен Орце Камчев денеска е префрлен на скопската Клиника за кардиологија.

„Во 16 часот по барање на бранителите дека му се влошила здравствената состојба на Камчев, тој со амбулантно возило од затворот е префрлен на Кардиологија. Тој се жалел на гушење и болки во градите и како што не информираа ќе биде задржан на клиниката за понатамошни испитувања – потврди во изјава за „Фокус“, Андонов.

Бизнисменот веќе три месеци е во притвор во затворот во Шутка. Претходно, нудеше и гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа му беше одбиена бидејќи според Апелацискиот суд и натаму постои опасноста од бегство.

Камчев на 16 јули треба да седне на обвинителна клупа кога започнува судскиот процес против него.

извор: Fokus.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави