(фото)Вадиме мртви од зграда во која од 60 луѓе, никој не преживеал – од Турција ексклузивно за Досие доброволците спасувачи од Скопје

По 33 часа возење од Скопје четворица членови од доброволното противпожарно друштво од Чаир „Бајрами Мифтари“ пристигнаа во турскиот град Адијаман на хуманитарна мисија по катастрофалниот земјотрес, во кој, според последните податоци, загинаа над 17.000 лица.

Глетката е ужасна. Секаде срушени згради, куп бетон и арматури. Се слушаат багери и луѓе кои бараат помош – вели за Досие еден од спасувачите Артан Демири. Ние работиме на расчистување на урната зграда. Нема преживеани, а она што го видовме е страшно. Телата на загинатите се едно врз друго на куп. Зградата се срушила вертикално. Никој не успеал да се спаси. Според локалното население само во оваа зграда има 60 загинати. Цели семејства се под урнатините. Жална и неподнослива е сликата на тела , жално е што не можеме да извадиме барем еден преживеан. Надежда дека некој е жив веќе е многу мала. Слушаме дека се пронајдени живи и по три дена затрупани , но ние каде што сме нема таков глас. Ние ќе вадиме мртви. – вели за Досие , спасувачот доброволец Артан Демири. Додека разговаравме со Артан спасувачите само што го извадија телото на првото дете под урнатините.

Тој вели дека неговата екипа, која е составена од професионални пожарникари, во Адијаман е замината заедно со екипата на Дирекцијата за заштита и спасување. Во продожение фотографии од местото каде нашите спасувачи помагаат во расчитување на урнатините и потрагата по евентуално некој преживеан.

Total
0
Shares
Поврзани објави