Фото: Еден загинат во стравотна несреќа пред Стража, сопрен сообраќајот во двете насоки

Едно лице загинало на лице место во сообраќајка на патот кон Стража, пред Маврово, попладнево.

Очевидци велат дека се судриле три возила и дека има и повредени лица.

Полиција, Брза помош и Пожарна се веќе на местото каде што се случила сообраќајката.

Очевидците велат дека сообраќајот е стопиран во двете насоки и кон Стража и од Стража кон Скопје и веќе се формирани долги колони возила.

АМСМ соопшти дека од 15.45 часот, поради сообраќајна незгода, сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево А-2 на местото викано Новоселски пат е во целосен прекин.

повеке на a1on.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави