фото – Маче преживеа страотен пожар во Калифорнија

Во американската сојузна држава Калифорнија продолжува да беснее најголемиот шумски пожар сезонава. Освен голем број луѓе, загрозени се бројни домашни и диви животни во регионот. Но, ова маче имаше среќа.

Го преживеа пожарот, изгорени му се само мустаќите. Ова маче спас од огнот нашло меѓу камења и карпи во националниот парк Кламат во северна Калифорнија каде беснее најголемиот пожар сезонава во американската сојузна држава. Околу 1300 пожарникари се справуваат со огнената стихија која зафати 224 квадратни километри во пограничниот регион на северна Калифорнија кон американската сојузна држава Орегон и во која досега загинаа најмалку четири луѓе. 

Total
0
Shares
Поврзани објави