(фото) Мајка 17 години тепана од сопругот побегнала од дома, со синот живее во беда – потребна е итна помош

Самохрана мајка , 17 години тепана од сопругот , 17 години тепан синот, 17 години тепани двајцата крвнички од алкохоличар, бркани прд врата во сред зима ! Детето е тепано пред оците на пајката, ама таа не можела да го заштити бидејќи веќе била претепана. И вака 17 години со ред , се додека пред 3 години не избегала со детето.

И кога ќе мислела дека се спасила, мајката се соочува со нова сурова реалност. НЕма од што да живее и да преживе.

Повеќето време гладни , без денар и живот исполнет со солзи. Данче нема родители, живее во нивни стан кој е стар, дотраен и во ужасна состојба. Немаат бојлер, греат вода и се полеваат за да се избањаат и мајката и синот. Нема казанче за тоалет, нема фрижидер, блокирана сметка од извшители заостанати сметки , борба за храна.

Го најдоа мирот, но се соочија со беда.

За оваа мајка итно е потребна помош. Нејзиниот мачен живот никако да престане , никако да крене глава и достоинствено да застане на нозе. Потребно е да се помогне со санитарии, маѓина за перење алишта, бојлер, но и мајстори кои ќе реновират дел од станот.

Кој сака да донира за Данче може да уплати средства на

Здружение на граѓани “Стопли Срце” Сметка за донации: 270072685480143IBAN: MK07270722000030435HALKBANK

Кој сака да им донира храна може да ја донесе во Нано Бар во Скопје.

За насмевка на мама Данче , сите заедно ❤️

Total
0
Shares
Поврзани објави