Фудбалерот Атсу пронајден мртов под урнатините

Поранешниот фудбалер на Челзи и Њукасл, 31-годишниот Кристијан Атсу е пронајден мртов во урнатините по земјотресот што на 6 февруари ја погоди Турција.

Информацијата ја соопшти неговиот агент преку „Твитер“.

„Со тешко срце морам да објавам дека телото на Кристијан Атсу е пронајдено утрово. Моето најдлабоко сочувство изразувам до семејството и најблиските. Сакам да им се заблагодарам на сите што се молеа за него и испратија пораки за поддршка“, напиша тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави