Хотел „Битола“ ќе стане дом за згрижување возрасни лица, вети Лозанче

Гарантираме дека новата локална самоуправа според принципите на праведност, еднаквост и почитување на човековите права ќе овозможи услови за квалитетен живот на секој поединец, рече Ненси Лозанче, кандидат за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

„Во нашиот фокус особено се повозрасните лица – пензионерите, за кои што покрај широката палета социјални услуги, нудиме решение за подобрување и унапредување на условите за нивно сместување во старски домови, како и зголемување на капацитетите преку формирање нови вакви инситтуции. 

Гарантираме дека новата локална самоуправа веднаш ќе почне со реализација на проектот познатиот хотел Битола, да прерасне во дом за згрижување возрасни лица. 

Иако објектот во моментов е во сопственост на трговското друштво „Борец“, Друштво со ограничена одговорност ПИОМ, ќе се посветиме на тоа објектот да и биде отстапен на локалната самоуправа и со неговата реконструкција да се добивјат нови 94 простории, во кои ќе можат да се згрижат 250 лица. Со тоа би се решила потребата од дополнителни сместувачки капацитети за згрижување на оваа категорија наши граѓани. 

Тоа гарантираме ќе го направиме во соработка и партнерство со граѓански здруженија и финансиска поддршка од Министерството за труд и социјална политика, UNDP, ЕУ- фондови, меѓународни донатори и буџетска и ресурсна локална поддршка.

Исто така, гарантираме ВОСПОСТАВУВАЊЕ СОЦИЈАЛНО ПОКРОВИТЕЛСТВО, односно ПАТРОНАЖА, кое ќе им доставува услуги на возрасните лица во нивните домови“, рече Лозанче.  

Total
0
Shares
Поврзани објави