Чарлс и Камила денеска за прв пат седнаа на кралскиот трон

Тие се обратија во Парламентот од тронот во Вестминстерската сала во Лондон. Кралот Чарлс III. за време на церемонијата во Домот на лордовите се заложи за лојалност и изрази сочувство за смртта на кралицата Елизабета. Црвените и златните тронови на кои седат Чарлс и Камила се разликуваат само во еден, едвај забележлив детал.

Престолот на Камила е понизок за неколку сантиметри за да се истакнат нивните улоги.

Новиот крал сега почнува обиколка низ земјата која мора да ја посети до погребот на кралицата Елизабета. Најпрво ќе оди во Парламентот на Шкотска, а потоа ќе ја посети Северна Ирска каде ќе добие сочувство во замокот Хилсборо. После тоа, ќе оди во Велс и ќе присуствува на миса во катедралата Лиандаф во Кардиф.

Total
0
Shares
Поврзани објави