Шведска алармира: Откривме четврта дупка на гасоводот „Северен тек“

Шведска откри четврта дупка од која истекува гас на гасоводите „Северен тек“, соопшти крајбрежната стража.

„Две од четирите оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави портпаролката на крајбрежната стража за весникот „Свенска Дагбладет“.

Останатите две оштетувања се наоѓаат во ексклузивната економска зона на Данска, пренесува Танјуг, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Истекувањето на гас од системите „Северен тек“ во шведските и во данските води во Балтичкото Море беа откриени во понеделникот, а Европската Унија (ЕУ) и НАТО изразија уверување дека инцидентите се резултат на саботажа.

Истекувањето загадува колку третина што загадува третина Данска    

Европската Унија вети „силен“ одговор на секое намерно прекинување на нејзината инфраструктура.

„И покрај стравувањата на американските сојузници дека оштетувањата се намерно предизвикани, САД веруваат оти е прерано за заклучок дека станува збор за саботажа“, изјави висок американски воен претставник кој не сакаше да биде именуван.

„Многу наши партнери, како што ми се чини, заклучија или веруваат дека во прашање е саботажа. Јас сè уште не сум во позиција да кажам дали е така или не е“, додаде тој.

Запрашан дали може да се исклучи било каква вмешаност на САД во истекувањето на гасот, воениот претставник одговори дека „САД апсолутни не се вклучени во тоа“.

Истекувањето од гасоводот „Северен тек“, кој испумпува огромни количини на природен гас по дното на Балтичкото Море, би можело да емитува загадување еднакво на една третина од вкупните годишни емисии на гас на стаклената градина во Данска, предупреди шефот на данската Агенција за енергетика, Кристофер Ботсав.

Регистрирани експлозии во морето

Данската емисија на јаглерод диоксид во 2020 година се смета дека била 45 милиони тони, пренесува Бета, повикувајќи се на „Асошиејтед прес“.

„Се додека има гас во гасоводот, опасно е да се биде таму“, рече Ботсав, кој притоа не кажа кога ќе може да се организира нуркање за да се види во каква состојба се цевките кои се направени од челик со дебелина од 12 сантиметри и обложени со бетон.

Гасоводот лежи релативно плитко на морското дно, на длабочина од 70 до 90 метри од каде плинот избива на површина на Балтичкото Море.

Сеизмолози во вторникот рекоа дека се регистрирани експлозии во Балтичкото Море и оти потоа било откриено необично истекување од двата подморски гасовода.

Сомнежите се дека станува збор за саботажа, а дел од европските официјални лица и експерти за енергетика велат дека Русија е веројатно виновна, бидејќи има директна корист од повисоките цени на енергијата и од економската загриженост на Европа.

Официјална Москва го демантира тоа.

Total
0
Shares
Поврзани објави