Што јаде Кралицата Елизабета 60 години

Британската кралица Елизабета се храни здраво, па не е ни чудо што го прослави својот 96. роденден.

Дарен Мекгрејди, кој е нејзин личен готвач, постојано го истакнува тоа во различни интервјуа поврзани со навиките во исхраната на Елизабета. Иако кралицата стана хит во медиумите кога нејзиниот лекар ѝ нареди да се откаже од коктелот пред да си легне, таа всушност се придржува до здрава исхрана, со малку слатки.

Она што го јаде секој ден не се променило повеќе од 60 години, вели Мекгрејди.

За кралицата постојано работат 20 готвачи кои секој ден подготвуваат мени од кое таа избира што ќе јаде тој ден.
caj
Фото: Freepik

Елизабета секогаш го почнува денот со шолја чај „ерл греј“ со млеко, без шеќер, а освен тоа задолжителни се и бисквитите потопени во чај.

По туширање и подготовка за денот, следува појадок. Нејзиниот појадок секогаш се состои од студени житарки, а понекогаш на менито се и мармалад и тост. Ретко јаде јајца.

Ручекот е едноставен и важно ѝ е да биде протеински силен и без многу јаглехидрати. Мекгрејди наведува дека нејзиниот избор главно е риба на скара или шкотски лосос со спанаќ и тиквички.
riba
Фото: Freepik

Понекогаш, кралицата за ручек сака да јаде салата со пилешко на скара, а Мекгрејди наведува дека е многу дисциплинирана кога се во прашање нејзините оброци и дека во кујната важи правилото – без пченкарен скроб.

По ручекот следува попладневен чај кој оди во комбинација со омилените сендвичи со краставици и овошен колач. Таа најмногу сака едноставни сендвичи кои се приготвуваат така што прво се сече кората од лебот, па се премачкува со крем-сирење од двете страни и се става тенко исечкана свежа краставица.

За вечера важи истото правило како и за ручекот – без пченкарен скроб, па затоа кралицата најмногу јаде риба на скара или варена риба со малку салата и зеленчук.

– Може да јаде што сака, но сепак ја избира оваа храна. Дисциплината ја прави толку здрава и долготрајна – вели Мекгрејди.

Кралицата понекогаш си дозволува десерт, па на менито може да се најде свежо овошје од нејзиниот овоштарник, а голем љубител е на чоколадото.
– Но, тоа мора да биде темно чоколадо. Колку потемно, толку подобро. Елизабета не сака млечно чоколадо – вели Мекгрејди.

Храна што никогаш не може да се најде на менито на кралицата: лук, бифтек и брза храна.

– Елизабета не сака лук, а кога станува збор за месото, таа сака добро испечен стек. Кога 20 готвачи работат за вас секој ден, нема потреба од брза храна, можете да јадете што сакате во секое време – вели Мекгрејди.

Извор: Eatthis.com
Фото: Instagram

Total
0
Shares
Поврзани објави