Поради загадениот воздух, од вечерва во 18 часот јавниот превоз во Скопје и во приватните и во јавните автобуси е бесплатен. Како што соопштија од Град Скопје, прогласени се неколку мерки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните. Освен бесплатниот јавен превоз, се јакнат и инспекциите, се ограничуваат градежните работи, ќе се воведе поинтезивна контрола на градилиштата. Автошколите ќе работат редуцирано, а ќе се одложат или откажат јавни настани на отворено. Овие мерки ќе бидат во сила сè додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар.
Поврзани објави
Хрватски научник тврди дека пандемијата завршува иако има зголем број на заболени
Научникот Гордан Лауц, кој е дел на научниот совет на хрватската влада за борба против коронавирусот, е меѓу…
Дојава за поставена бомба во близина на МНТ
Вечерва полицијата ги блокира сите приоди кон зградата на Македонскиот народен театар поради пријава за поставен експлозив во…
Почина единствениот пациент со целосно вештачко срце во Македонија
Почина 41-годишниот Исмет Хаџиу, кој беше единствениот пациент во Македонија со целосно вештачко срце. Тој почина откако една…
За тетовскиот ковид-центар надлежни биле општината и директорот на болницата?
Планот за заштита од пожар во тетовската модуларна болница бил во надлежност на в.д. директорот Флорин Бесими, кој…