Јовески: Тезата за тубите е шпекулација, бугарските обвинители работат на истрагата

Македонските власти земаат биолошки материјал од роднините за ДНК анализи. Тезата за тубите е шпекулација, бугарските обвинители работат на истрагата, изјави за БТВ државниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и објасни дека при увидот на опожарениот автобус на автопатот Струма, видел пластични туби кои не изгореле.

Јовески објасни дека во моментов се зема биолошки материјал од роднините на загинатите во С Македонија за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата. Тој рече дека македонското обвинителство ќе се активира дури откако случајот ќе биде истражен од бугарските обвинители, бидејќи тие нема да најдат ништо паралелно.

Во моментов македонското и бугарското обвинителство добро соработуваат, додаде Јовески. Засега не е познато дали причината за несреќата е човечка грешка или дефект на автобусот. Тој кажа дека автобусот бил речиси нов, само три години, а во октомври поминал на технички преглед во Северна Македонија./МИА/.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Гури од ДУИ вплеткан во шема со даночна измама, со 15 лица правел поврат на ДДВ преку фиктивни сметки, а со парите купил и деловен простор, тврди Обвинителството

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури, е вплетен во организирана шема за правење даночна измама, објави Обвинителството. Тој е…