Љупчо Николовски поднесе оставка од функцијата генерален секретар на СДСМ

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски денека поднесе писмена оставка од функцијата генерален секретар на партијата. Николовски во писмената оставка изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата.

“Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. После 18 години СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот понатамошен ангажман во политиката и општеството, оставам да покаже времето. Достапноста, чесноста, искрениот и одговорен пристап во работата, држењето до зборот и ветеното, поддршката и залагањето за добри дела за сите без поделби на граѓаните по било која основа остануваат клучни вредности и залагања при вршењето на било која позиција и одговорност. За идните планови секако ќе има време да се размисли и одлучи по празниците”, се наведува во писмената оставка.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина бебе родено дома

Во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево вчера во 01,30 часот било пријавено дека во куќата…